Синоќа во 19:10 часот во Скопје на крстосница од улиците „Џон Кенеди“ и „Дижонска“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Мазда 2“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Х.Б. (1994) од Скопје, удрило во пешак дете Зекирја Д. (2004) од Скопје.
Од незгодата детето на лице место им подлегнал на повредите. Смртта на лице место била констатирана од доктор од Итна Медицинска помош, а телото по наредба на ЈО е пратено на обдукција.
Увид на лице место извршиле ЈО и увидната екипа од ОИСН при СВР – Скопје.
По наредба на ЈО, на Х.Б. земено му крв и урина за анализа, а ПМВ „Мазда 2“ со шлеп служба е однесено во кругот на ОИСН при СВР Скопје за да на истото се изврши вонреден технички преглед.