Предложени мерки на претпазливост за две лица од случајот „Тендери“

Од:

До Основниот суд Скопје 1 вчера се поднесени предлози за мерки на претпазливост за две осомничени лица во истрагата  со случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти денеска СЈО.

Со предлозите е побарано од Судот осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно, односно секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

– Воедно, за двете осомничени лица е побарано определување и мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство,  се вели во соопштението.

„Тендери“ е истрага што СЈО ја објави вчера, а се однесува за изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје,  заедно со истрагата „Топлик“ во врска со продажба на градежната парцела за изградба на резиденцијалната насeлба „Сончев град“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ