Предавање за Сефардите во Меморијалниот центар на холокаустот на eвреите

Од:

Во Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија утре предавања ќе одржи д-р Елизер Папо, директор на Центарот за ладино култура „Моше Давид Гаон“ при Универзитетот „Бен Гурион“ во Бер Шева, Израел.

Папо, е признат истражувач, преведувач, лингвист и професор во светски рамки, а ова е негово прво гостување во Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија. Тој ќе одржи две предавања, првото е на тема „Сефарди: Портрет во неколку потези“, а второто е насловено „Вовед во еврејската света книжевност“.

Овие предавања се отворени за сите кои се заинтересирани за сефардската култура и традиција, а се во рамки на одбележување 70 години од депортацијата на евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка .

Би можело да ве интересира

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска

Македонија стана полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот

А1он

Пендаровски: Да се сеќаваме на вистината за холокаустот, за никогаш да не се повтори

Жарко Настоски

Владини претставници на комеморациите по повод 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

Жарко Настоски

Пендаровски на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Треблинка: Простуваме, но не забораваме

Ана Ололовска