Димитров ги прими копиите од акредитивните писма на новиот германски амбасадор

Од:

Денеска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот, вонреден и ополномоштен амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Томас Норберт Герберих.

Во таа прилика, министерот Димитров, ги поздрави одличните и пријателски односи меѓу двете земји, посочувајќи дека тековната динамична соработка во повеќе полиња од заемен интерес сведочи за заедничката волја за надградување на позитивниот тренд во севкупната билатерална размена. Димитров изрази и благодарност за важната и конструктивна поддршка на СР Германија за европската и евроатланската перспектива на Македонија и регионот, изразена, меѓу другото, преку Берлинскиот процес.

Амбасадорот Герберих изрази задоволство што во наредниот период ќе ја води германската Амбасада во пријателска Македонија, пренесувајќи ги притоа пораките на охрабрување од официјален Берлин за политиките и активностите на новата македонска Влада, како во делот на амбициозната реформска агенда, така и во контекст на новиот позитивен пристап во односите со соседите. Во оваа смисла, пренесе и целосна поддршка за европската и евроатланската перспектива на Македонија, со очекување за што поскоро и конкретно поместување на процесот на интеграција во ЕУ и НАТО. Претстојната посета на министерот Димитров на Берлин и средбата со својот германски колега Габриел, претставува дополнителна потврда во оваа насока.

Би можело да ве интересира

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

ВИДЕО: Германија да го укне еврото, да излезе од Шенген и да ги затвори границите, најавува шефицата на АФД

Германските компании во неволја, сè потешко се наоѓаат квалификувани работници

А1он

Нема доволно гас: Германија стравува за зимата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Германија: потврдено торнадо, загина жена, оштетени десетици куќи

Германија мобилизира армија од 460.000 луѓе: Масовниот одзив на регрути ја изненади јавноста