Празнични денови исполнети со семејно насилство, истепани сопруги, брат и син

Од:

Маж од Крива Паланка е приведен бидејќи ја истепал својата сопруга, друг кривопаланчанец е приведен затоа што го истепал својот брат, неготинчанец ја истепал својата сопруга, а велешанец е приведен бидејќи се обидел да го прободе својот син со остар предмет.

„На 05.01.2022 во 19.00 часот на ул.„Прохор Пчински“ во Крива Паланка, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка го лишиле од слобода М.П.(63) од Крива Паланка затоа што физички ја нападнал неговата 59-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Во полицискиот билтен може да се најдат уште неколку случаи на пријавено семејно насилство низ државата.

„На 05.01.2022 во 17.00 часот во с.Опила, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка го лишиле од слобода А.Н.(55) од с.Ранковце затоа што физички го нападнал неговиот брат.

На 05.01.2022 во 15.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Р.(66) од Велес затоа што се обидел со остар предмет да го повреди неговиот 39-годишен син.

На 05.01.2022 во 09.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода О.Н.(52) од Неготино затоа што во 09.14 часот физички ја нападнал неговата 45-годишна сопруга“, соопштува МВР.

За сите наведени случаи, МВР истакнува дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он