Пратеникот Љупчо Димовски повторно се соочува со опасност од притвор

Од:

Еднаш амнестираниот пратеник Љупчо Димовски за настаните на 27.април, повторно се соочува со опасноста да му биде симнат пратеничкиот имунитет и да му биде определен притвор. Овој пат арањето за симнување на имунитетот, на кој се повика Димовски, беше поднесено од скопскиот Кривичен суд, Одделение за организиран криминал и корупција.

Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Обинителството ги товари дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра).

Од коалициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека упадот во домот на пратеникот Љупчо Димовски е обид за политички притисок. Димовски беше дел од пратениците кои не гласаа за уставните измени.

Димовски е член на Социјалистичката партија и нејзин генерален секретар. Министерството за земјоделство подолг период беше резервирано за кадар на социјалистите, па Димовски 5 години беше во министерската фотеља или од 2009–2014.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп