Пратениците утре да гласаат за законот за дислоцирање на објектите на игри на среќа повика Движењето Антикоцкање

Од:

Движењето Антикоцкање од Тетово одржа прес-конференција од која побара ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи усвојувањето на законот со кој објектите на игри на среќа ќе се оддалечат 500 метри од образовни и други установи. Движењето Антикоцкање кое првично бараше да оддалечат објекти три километри од населени места, сега бара и затворање на сите објекти.

– Законот да не го спречува специјално ВМРО ДПМНЕ зошто три години и повеќе го држи законот во фиоките во комисијата за финансии и буџет а на крај, едноставно мораат да го донесат законот со европско знаме за да може утре да помине во парламентот. Затоа апелирам до ВМРО ДПМНЕ крајно е веќе да се оддалечи од игрите на среќа и од овие игри што не носат среќа, па затоа барам и ВМРО да биде присутна утре и да оваа држава да може да се ослободи од игрите на среќа. Ако што не е оваа барањето на движењето Анти коцкање. Зошто Движењето Анти коцкање бараме затворање на сите игри на среќа во оваа држава, па ова е почеток, па мислам дека ќе стигнеме до тоа да се ослободиме од сите игри на среќа во нашата држава, изјави Јуши Емурлаи од Движење Антикоцкање.

Од ова движење сметаат дека ќе има 61 пратеник за гласање на овој закон.

-Со 61 кворумот да биде и мислам дека овој закон ќе помине зашто има во позиција и опозиција се дисциплинирани пратеници за овој закон да се изгласа за да може оваа држава да диши малку. Мислам дека за овој закон се сите заинтересирани, зашто ова и е национален закон не е верски, ова за целата држава важи не само за Тетово или за некој град во Македонија. Ова важи за цела држава. Затоа мислам дека сите пратеници ќе бидат утре и ќе гласаат како што треба, изјави Јуши Емурлаи.

Доколку се изгласа законот според Емурали, објектите ќе имаат време од една година да се дислоцираат.

Би можело да ве интересира

Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри не е прифатлив, одлучи Законодавно правната комисија

Горан Наумовски

АСОМ: Очекуваме конструктивна соработка со новата Влада за Законот за игри на среќа

АПИС со апел до Владата: Не ги повторувајте грешките на претходниците

Катерина Ѓуровски

Се подготвува ново законско решение за игрите на среќа

АСОМ: Класична злоупотреба на европското знаменце во Законот за игри на среќа

Отворено писмо на „Сакам да работам“ до Пендаровски: Бидете претседател на сите граѓани, не дозволувајте да не избркаат од Македонија

Катерина Ѓуровски