(ВИДЕО) Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе гласаме против уставни промени

Од:

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМЕ, по средбата со партискиот лидер Христијан Мицкоски во Собранието, се собраа во еден од рестораните лоциран на кејот на Вардар. Пратеничката Весна Пемова, во изјава за „A1он“ вели дека сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против уставните промени кои ги налага договорот со Грција.

„Сите ќе гласаме против. Единствени сме како никогаш досега“, изјави пратеничката Пемова.

Пратеничката Ане Лашкоска потврди дека попладнево имале средба со Мицкоски и за истата рече дека е редовна координација. Таа одби да открие за што се разговарало. Неофицијално, ставот кој партискиот лидер го споделил со пратениците е дека сака да бара формирање на техничка влада која ќе функционира една година за нови преговори со Грција. Лешкоска, одби да потврдат, но не негираа.

„Ќе бидете информирани, состанокот на ИК е вечер, не знаеме за што ќе се разговара“, рече Ане Лашкоска на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ би прифатило предвремени парламентарни избори.

Пратеничкатата Благица Ласовска исто така, не сакаше да открие за што разговарале со партискиот лидер, а за сплотеноста со колегите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече „Апсолутно, никој нема да гласа за уставни измени“.

Меѓу присутните пратенички беа Жаклина Пешевска, Весна Дамчевска-Илиевска, Невенка Стаменковска и други. Вечерва, ВМРО-ДПМНЕ има закажано состанок со Извршниот комитет на партијата, за кои ќе се разговара како опозицијата ќе постапува понатаму во однос на уставните промени и евентуалните предвремени парламентарни избори.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица