Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се уште без одлука за учество во работата на Парламентот

Од:

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на координација одлучи во наредниов период да ги дефинира чекорите за натамошно делување.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повтори поддршката за неправедно притворените колеги и останатите граѓани во врска со настаните од 27-ми април, реафирмирајќи ги позициите дека правото не смее да биде погазено од мотивите за политички прогон.

Одговорност на власта, односно мнозинството на СДСМ е да обезбеди нормално функционирање на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Република Македонија може да напредува само доколку законодавниот дом функционира во демократска атмосфера каде што ќе бидат создадени услови за учество на опозицијата и нејзино партиципирање во носењето на законите.

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во текот на денешниот ден ќе одржат средба на која што ќе се разговара околу идното функционирање на Собранието“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он