Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа и Грција да го смени Уставот

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на продолжението на седницата на која се расправа по амандманите за промена на Уставот согласно Преспанскиот договор, побараа Владата да се заложи за реципроцитет во односите, односно и Грција да вметне уставни решенија.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски коментирајќи го 35-тиот амандман со кој Макеоднија, се обврзува дека нема територијални претензиии кон соседите, рече дека и Парламентите од регионот треба да изгласаат вакви амандмани и така би се граделе искрени пријателски односи.

Илиоски, додаде дека власта, со овој договор, сака да ги прикрие матните зделки, како што рече, делењето на тендери во четири очи.

„Промена на Устав, име и други амандмани, зошто се прави ова? Затоа што нема реформи, власта не прави ништо, освен што си дели тендери во четири очи како и делење пари од Фондот за иновации на блиски фирми до власта. Да се одвлече вниманието на народот. Но, ова не е мала работа, ова е историски момент. И за да биде поинтересно, власта топката ја префрли на нас, на нас 120 пратеници треба да падне одговорноста. Ние треба да го притиснеме копчето и да одлучиме за државата и народот. И зошто само ние да го правиме тоа, нека го направат тоа и нашите соседи и тогаш може да кажеме дека сме пријателски народи“, рече Илиоски.

На говорот на пратеникот Илиоски, реплицираше заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, кој рече дека со овој и останатите договори, Македонија станала пример за мирно затворање на прашањата со соседите.

„Прво да кажам дека министерот не дели тенедери како што рековте, туку е на службен пат во Брисел. Ќе остане таму три дена на работни средби. И нормално е да биде таму, затоа што ЕУ е нашата опција, ние сме свесни за тоа. Во вашето владеење, вратите беа затворени, за разлика од сега кога Македонија има голем број европски пријатели. Со решавањето на прашањата со соседите Македонија е позитивен пример во регионот за мирно затворање на билатералните прашања“, рече Жерновски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Благоја Деспотоски, претходно коментираше по амандманот при што рече дека немало потреба од писмени гаранции затоа што Македонија и досега ги почитувала границите на соседите.

Инаку денеска според редоследот, ќе се разгледуваат два амандмани, откако претходно за време на викендот, Собранието ги усвои првите два нацрт-амандмани.

Со 67 гласа „за“, четири „воздржани“ и 23 „против“ Собранието најпрвин го утврди нацртот на амандманот 33 на Уставот на Република Македонија, со кој се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на „посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

Неколку часа подоцна со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани, Собранието го усвои и вториот нацрт-амандман на Уставот, со кој се предвидува зборовите „одлуките на АСНОМ“ да се заменат со „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ”, а тука се додава и Охридскиот рамковен договор.

Габриела Димковиќ Мишевска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија