ВИДЕО: Пратениците од опозицијата го напуштија Собранието, бараат брзи предвремени избори

Од:

Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва побара брзи и предвремени избори во најкус можен рок, откако денеска не започна гласањето за доверба на Владата, а пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи не се појави во Собранието.

„Денес во Македонија се погази демократијата и се киднапираше пратеник. Ова најкриминоген режим на просторот на Европа, им се одземаа мобилни телефони на пратеници, чуваа пратеници во кабинети… Криминалниот режим по секоја цена сака да остане на власт“, рече Николоски и додаде дека најбрзото и наједноставно решение од оваа криза се брзи предвремени избори во најкус можен рок.

„Власта од денеска има 59 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ има 60 пратеници и има еден киднапиран пратеник кој се надевам дека брзо ќе биде ослободен“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека вечерва го напуштаат Собранието и рече дека остава на власта што ќе прави со иницијативата за гласање доверба во Владата.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба