Пратениците од Левица ќе донираат повеќе од половина од мартовската плата за семејствата на загинатите во Кочани

Од:

Пратениците на Левица ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата во знак на солидарност со семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани.

-Оваа одлука ја носиме свесни дека вистинската поддршка не треба да се темели на индивидуални гестови, туку на системски решенија што ќе обезбедат сигурност и социјална правда за сите граѓани и ќе излезат во пресрет за погодените. Дополнително, сметаме дека поради двонеделната неактивност на Собранието, која е резултат на политичка отуѓеност, пратениците немаат морално право да ја примат целата плата во месецот во кој не ја извршуваа својата должност во полн капацитет. Во исто време, сведоци сме на луксузирањето и развратот на Владата, додека народот се бори со трагедии и економска несигурност, соопшти партијата.

Според Левица, оваа донација не ја менува реалноста, државата мора да има социјално проактивна Влада и функционално Собрание кои навремено ќе реагираат и ќе овозможат поддршка на оние на кои им е најпотребна.

-Само со одговорни и правични политики можеме да изградиме општество во кое нема да се потпираме на поединечна помош, туку на силни и праведни институции, наведува Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира