А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат интерпелација на министерот Николовски

by А1он07/08/2017 - 14:43187
Share0

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат Интерпелација за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски до Собранието на Република Македонија поради пожарите и проблемите на земјоделците.

Добивај вести на вибер

– Во Република Македонија на целата нејзина територија се случуваат серија отворени пожари, односно опожарување на огромни површини високостеблеста формирана шума со непроценливи последици од трајна загуба и деградирање на шумскиот појас, сериозни еколошки последици врз животната средина, уништување на приватната и јавната сопственост и доведување во животна опасност на жителите на опожарените региони и населени места, рече на прес-конференција пратеникот Зоран Илиоски додавајќи дека секој ден има нови пожари надвор од контрола, а од институциите нема помош.

Тие заклучиле дека шумските пожари се намерно предизвикани од актуелната власт со цел да се сврти вниманието на граѓаните на Република Македонија од, како што рече Илиоски, погубните политики кои ги спроведува актуелната Влада во десегашниот период. Сметаат дека најодговорен за грижата и заштитата на шумите е министерот Љупчо Николовски кој, според нив, покажал несериозност во пристапот за решавање на проблемот.

– Николовски дозволи состојбата да ескалира во граници кога е мошне тешко да се контролира и истовремено штетите достигнаа до алармантно ниво… Апсурдното однесување на министерот Николовски е до таа мера што му требаа 15 дена од појавата на пожарите на отворен простор и серијата од над 30 тековни активни пожари за конечно да ја преиспита и да предложи преиначување на Одлуката за ограничено, односно делумно во целосна забрана на движење во шумите, рече Илиоски.

Интерпелацијата ја поднесуваат и затоа што сметаат дека Николовски ги игнорира земјоделците и не успеал да се справи со проблемот со откупот на земјоделските производи.

– Земјоделство претставува една од најбитните гранки во македонското општество и токму затоа ова министерство не смее да го води еден несериозен, некомпетентен и неискусен политичар, додаде Илиоски.

nikolovskisobranievmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен