Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон за намалување на старосната граница за пензија за рударите

Од:

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесоа Предлог на закон за остварување на правото на пензија за работниците во рударството.

Пратеничката Слаѓана Митовска денеска во Собранието изјави дека предлог-законското решение е поднесено во текот на вчерашниот ден и оти се работи за закон во редовна постапка со кој се бара да се намали старосната граница за пензионирање на лицата кои работат на овие работни места, односно на рударите кои работат на работни места и своите работни задачи ги извршуваат под земја.

– Овој Предлог закон предвидува единствен услов за остварување право на старосна пензија за вработените во рударството да биде пензискиот стаж, со што ќе биде овозможено овие вработени правото на пензија да го остварат порано од останатите категории на работници. Имено, за работниците кои работат на работни места и своите работни задачи ги извршуваат под земја во рударската дејност, а стажот на осигурување се смета со зголемено траење, ефективно најмалку 15 години, правото на старосна пензија ќе може да го остварат со навршување на вкупен пензиски стаж од 40 години за мажи односно 35 години за жени, без оглед на нивната возраст, појасни Митовска.

Таа изрази уверување дека предлог законското решение ќе добие поддршка и од пратениците на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски