Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на Центарот за социјални работи во Прилеп работи на терен за кампањата на СДСМ

Од:

„Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ остро реагираме и ја осудуваме секоја злоупотреба на службена должност за потребите на кампањата на СДСМ на локалните избори.

Имено, на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како директорот на Центарот за социјални работи во Прилеп, Живко Сиљаноски, работи на терен во прилепската населба Тризла во која што претежно живее ромско население кое што во најголем број се корисници на социјална помош.

Иако, единствена работа која што според закон треба да ја работи Сиљаноски кој што е кадар поставен од страна на СДСМ е да раководи со Центарот за социјални работи во Прилеп тој својата функција ја злоупотребува со тоа што води кампања на кандидатот за градоначалник на СДСМ во Прилеп.

Ја повикуваме министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која што е одговорна за Центрите за социјална работа ширум Република Македонија да поведе постапка против директорот Живно Сиљаноски и истиот да го разреши од функцијата директор на Центарот за социјални работи.

Мила Царовска е должна да го разреши овој директор со што нема да дозволи партијата СДСМ да ги злоупотребува државните функции во своја корист во кампањата со што ќе се допринесе за фер и регуларни избори.

Доколку Мила Царовска не постапи по овој случај и не го разреши директорот на Центарот за социјални работи во Прилеп свесно ќе овозможи мешање на партијата со државата и во тој случај ние како пратеници ќе поведеме постапка за парламентарен надзор врз целокупната работа на Министерството за труд и социјална политика и министрката Мила Царовска.

Уште еднаш апелираме до сите оние кои што извршуваат државни функции дека додека трае кампањата за локалните избори единствена работа која што треба да ја вршат е онаа на која што се поставени да ја вршат одговорно и професионално, а не да вршат теренски активности за потребите на кампањата на СДСМ и Зоран Заев и да отсуствуваат од своите работни места“ велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план и програма за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски