Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го злоупотребија правото да постават прашања

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, кој побара седница за поставување пратенички прашања.

– Сугарески на денешната прес-конференција глумеше и се обиде да ја претстави СДСМ како партија која се залага и бара итно одржување седница за поставување пратенички прашања, се вели во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека пратениците од СДСМ година и пол, како што истакнуваат, не доаѓаа на работа, земаа плата од граѓаните и пропуштија вкупно 10 седници на кои ќе имаа можност да постават пратенички прашања.

На неколкуте седници за пратенички прашања на кои СДСМ присуствуваше, се наведува, тие го злоупотребија правото да постават прашања кои ги засегаат граѓаните и постојано читаа партиски соопштенија и нарачани прашања од страна на Заев и Шекеринска.

– СДСМ не ни може да ги брани интересите на граѓаните во Собранието бидејќи тие ниту ги знаат проблемите на граѓаните, ниту пак се обидуваат преку средби со нив да ги дознаат. Пратеничката група на СДСМ во Собранието на Република Македонија служи само за да ги одработува наредбите и инструкциите кои доаѓаат од седиштето на партијата и нејзиното раководство, а не да ги застапува интересите на граѓаните кои што гласале за нив на избори, се вели во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност