Прашалник до родители на ученици за влијанието на пандемијата врз образовниот процес

Од:

Министерството за образование и наука во сеопфатното истражување за влијанието на пандемијата од КОВИД-19 врз образовниот процес во земјава ги вклучува и родителите на ученици, покрај наставниците до кои пред неколку дена упати повик за повратни информации и споделување мислења и искуства за реализирањето на наставата од далечина.

МОН денеска за оваа цел ги повикува и родителите кои имаат деца – ученици во основното или во средното образивание и на својата веб-страница за нив постави прашалник, достапен на македонски и на албански јазик.

-Основната цел на истражувањето е да ги сумира сите релевантни искуства и да го процени севкупното влијание на пандемијата КОВИД-19.  Преку вклучување на сите засегнати страни (даватели и корисници на услуги во образовниот сектор) – директори, наставници, родители и ученици, ова истражување ќе ни даде директен увид во различните искуства и важните аспекти на учењето на далечина. Добиените сознанија ќе се искористат исклучиво за анализа на постојната состојба и за креирање на идните планови и активности во образовната политика, соопшти МОН.

Сеопфатно истражување за начинот на кој се реализираше воспитно-образовниот процес во основните и во средните училишта поврзано со здравствената криза, Министерството за образование и наука го спроведува со Бирото за развој на образованието и со поддршка од канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава и Реактор – Истражување во акција.

МОН прави стратегија и за е-настава од септември и подготви нацрт-верзија на Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта во земјава. Документотот има 66 страници и неговата изработка е иницирана од промените во начинот на реализација на воспитно-образовниот процес на глобално ниво поради пандемијата предизвикана од појавата и ширењето на вирусот КОВИД-19.

– Концепцијата треба да обезбеди непречено одвивање на едукацијата на учениците во основните и средните училишта од 1 септември 2020 година, преку приспособување на процесот на новонастанатата ситуација и реалност, велат од Министерството за образование и наука.

Концептот од завчера е поставен на веб-страницата на МОН за јавна консултација и сите што се заинтересирани да достават предлози и сугестии треба да ги пратат на електронската адреса: [email protected] до петок, 10 јули 2020.

Поради опасност од ширење на заразата со КОВИД-19, наставата во 2019/2020 од средината на март до крајот на учебната година во јуни беше реализирана онлајн и со учење од далечина преку различни е-платформи.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми во мај изјави дека се разгледува и сценариото како ќе се постапи на почетокот од  2020/2021 година ако се соочиме со исти или полоши околности од пандемијата.

Би можело да ве интересира

МОН: Платформата се тестира за целосна функционалност

Ана Ололовска

Навреме ќе заврши сместувањето во студенските и средношколските домови, уверува Царовска

Ана Ололовска

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

Ана Ололовска

Царовска на средба со основците кои освоија медали на Балканската олимпијада по математика

Ана Ололовска

МОН: Со законските измени се овозможува непречено одвивање на наставата и во вонредни околности

Ана Ололовска

Комисијата одлучува за целодневна настава, МОН понуди солуција за децата кои немаат ИТ-уреди

Ана Ололовска