Познат идентитетот на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава

Од:

Бугарските државјани, Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки, загинаа во авионската несреќа што попладнево се случи кај Солунска Глава, објавија дел од бугарските медиуми.

– Авионот Цесна за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е пронајден нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава, информира вечерва на прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој информира дека од Охрид полетале четири лица, државјани на Република Бугарија, меѓу кои и едно малолетно лице.

– Лоцирани се преку воздушен простор. Временските услови на локацијата се лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до локацијата, тоа засега е невозможно поради непристапен терен. Се прават обиди во најскоро можно време да се дојде и физички до авионот, рече Ангеловски.

Загинатите лица се родени 2000, 2005, 1970 и 1972 година.

Поради лошите временски услови вечерва е прекината потрагата по урнатиот авион.

Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен и голема височина, информираат од КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Оттаму додаваат дека потрагата ќе ја продолжат утре.

Со пронаоѓањето на остатоците од авионот, како што информираат од АЦВ, завршува акцијата за трагање и спасување. Сите активности ги презема КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Од АЦВ се должни за несреќата да ги информираат државите на производство на авионот, на регистар, како и сопственикот на воздухопловот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

„Цесна“ кој непланирано прелета над Вашингтон се урна во Вирџинија, никој не ја преживеа несреќата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски