Пожарот на „Јордан Мијалков“ бил предизвикан од плинска боца

Од:

Пожарот на улицата „Јордан Мијалков“ во кој животот го загуби едно лице бил предизвикан поради експлозија на плинска боца, соопшти полицијата.

Огнот изби во сервис за моторцикли, а во моментот на експлозијата почина 25-годишно лице од Скопје кое било вработено во сервисот. Во објектот имало уште двајца кои работеле на сервис на мотор и завршиле со телесни повреди. Со повреди се здобил и сопственикот на сервисот.

На местото на настанот извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка