Пожарникарите да бидат под раководство Министерството за одбрана бара Независниот синдикат

Од:

Пожарникарите да бидат под Министерството за одбрана е главното барање кое го истакнале денеска претставници на Независниот синдикат на пожарникари на состанокот со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, по повод измена на Законот за пожарникарство, со кој се уредуваат правата и обврските на пожарникарите – спасители.

-Ние како Синдикат веќе една година проактивно учествуваме во подобрување на Законот на пожарникарство, изјави Горан Ристевски, претседателот на Независниот синдикат на пожарникари, на денешната пресконференција одржана пред влезот на Министерството за одбрана.

Ристевски дополни дека на денешниот состанок ги укажале слабостите на сегашниот систем и дале предлози за негово подобрување.

Нивните барања, како што истакна, покрај централизирањето на нивното раководење, се и воведување на универзални униформи, исти за пожарникарите од целата територија, почитување на правата во сите ТПП единици во земјава, изедначување на платите на пожарникарите во целата држава, бидејќи моментално се разликуваат во делот на коефициентите и осигурувањето и изедначување во делот на пензионирањето.

-Предложивме и освежување на пожарникарите, со можност војниците по истекот на 45 години возраст да одлучат дали сакаат да преминат во Територијалните противпожарни единици, додаде Ристевски.

Тој нагласи дека доколку Предлог – законот не биде спроведен најдоцна во октомври, тие како Синдикат ќе се обидат со нивен предлог, преку пратеничките групи, до Собранието да го спроведат.

Територијалните противпожарни единици како и Бригадата на Град Скопје функционираат во рамките на локалните самоуправи. Пожарникарите – спасители сега бараат да се централизира начинот на нивното, начинот на работење, на пресметка и исплата на плата во Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

Орце Костов

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

СОБ: Пратениците да го донесат законот за вработените во Министерството за одбрана

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Маж паднал во бунар, го спасиле прилепските пожарникари после три часа акција

Горан Наумовски