СДСМ: Не се доволни манго, папаја и аспарагус, сега Министерство за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра

Од:

Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се луксузира со народните пари. Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични и прескапи овошја, Министерството за одбрана на Мисајловски склучило договори со пет компании за набавка на кафе, вино, ракија, мастика и други алкохолни пијалоци во вредност од 31.000 евра“ соопштија попладнево од СДСМ.

Од партијата велат во реалноста, народот не може да си дозволи ниту основни работи. Последните податоци покажуваат дека синдикалната потрошувачка кошничка достигна 65.507 денари, на граѓаните им се потребни речиси 3 минималнни плати за да ги покријат само основните трошоци. Многу производи се недостижни за голем број семејства во државата“.

ВМРО-ДПМНЕ ја држи Македонија со најниската минимална плата во целиот регионот и упорно одбива да ги покачи платите и да ги намали цените кои се превисоки. Просечната плата е само една третина од европскиот просек, додека цените на основните производи достигнуваат до 60% од просекот во Европа. Ваквата расипничка политика на власта е доказ дека Мицкоски и неговите министри се грижат единствено за сопствената удобност, а не за народот кој секој ден тоне во сиромаштија и едвај врзува крај со крај“ е ставот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат