Пожарникари во Куманово спасија дете

Од:

Тимот на противпожарна единица од Куманово, предводен од командирот на смена Видан Трајковски денеска спаси дванаесетгодишно дете кое се обидело да се спушти од балконот од зградата во која што живеело во Куманово.

Случајот во кумановската противпожарна единица го пријавил сосед на детето, кој забележал како тоа се обидува да се спушти од својот на балконот под неговот стан.

– Веднаш се упативме на местото и со тројца колеги со скала го спуштивме детето на терасата под нив. Детето е неповредено и беше прифатено од родителите, изјави Трајковски.

Тој вели дека детето се уплашило и мислело дека крадец чука на вратата од станот и се обидело да избега, спуштајќи се од балконот.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане