Пожар во судот во Куманово, изгоре дел од архивата

Од:

Пожарот кој ноќеска ги зафати подрумските простории на Основниот суд во Куманово е локализиран, но една екипа е останата на терен.

– Пожарот е локализиран, но има уште една екипа која проверува, велат од кумановската Противпожарна единица.

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Куманаво од 01:35 часот интервенирале на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две возила.

Претседателката на судот Снежана Манев вели дека противпожарните екипи сè уште се на терен.

– Според првичните информации зафатена е една просторија каде има стари, завршени предмети. Ќе почекаме да завршат екипите на Противпожарна единица и после увидот на полицијата ќе кажат од што настанал пожарот. Ќе информираме за причините, судот денеска нема да работи. Електричната енергија е исклучена, изјави, претседателката Манев.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе