Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Од:

Седум лица вдишиле чад при пожар што избувнал попладне околу 16.30 часот на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје, кој веќе е изгаснат од противпожарните служби на град Скопје. На повредените лица им е пружена медицинска помош, потврди Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Пожарникарите интервенирале со две возила во гаснењето на пожарот што избувнал во стан на втори кат во зграда на ул. „Кочо Рацин“, а поради зафатениот голем простор вкlучено е дополнително потивпожарно возило.

– Има повредени седум лица, со вдишување чад, веднаш се повикани медицински екипи и пружена им е помош. Пожарот за кратко време е локализиран и целосно изгаснат, изјави Томевски.

Екипите на МВР работат на утврдување на причините за пожарот.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско