Повторно ограбен наплатниот пункт на „Градски паркинг“ во скопскиот Клинички центар

Од:

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје веќе втор пат во период од еден месец се соочува со разбојнички напад на една од наплатните каси и тоа на главната каса на паркиралиштето на Клинички центар „Мајка Тереза“.

„На ден 24.8.2022 година, во 21:50 часот на главната каса за наплата на јавното паркиралиште на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се случи разбојнички напад од непознато лице, кое со нож влегло во куќарката и го зел целиот промет од тековниот ден. Пред еден месец на 20 јули во истиот временски период (21:50ч.), на истиот начин, непознато лице влегло во куќарката за наплата на паркингот и ја испразнил касата.

За претходниод разбојнички напад досега нема разрешница од страна на надлежните институции. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје пред се’ како одговорно претпријатие се грижи за безбедноста на своите вработени. Поради ова, како јавно претпријатие апелираме до надлежните да преземат што поголема одговорност и да се спроведе истрага, која ќе биде ефикасна и со тоа ќе се спречи уште еден ваков немил настан, во кој пред се’ беше загрозен животот на вработени во јавно претпријатие“, велат од ЈП „Градски паркинг“.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари