Повторно одложено судењето за „Поткуп“

Од:

Денешното рочиште за судскиот процес против лидерот на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица Зоран Заев, за случајот „Поткуп“, е повторно одложено.

Во судницата на рочиштето се појави Заев, но не дојдоа тројцата негови адвокати.

За следното рочиште, судијката одреди два датуми, 2 и 20 декември.

Лидерот на СДСМ, по одложувањето на денешното рочиште не даде изјава за медиумите.

Првото рочиште за овој случај беше закажано за 25 јануари годинава. Судењето досега беше одложувано три пати, два пати поради службени патувања на Заев и еднаш поради неприсуство на неговите адвокати.

Според Јавното обвинителство, Заев во својство на градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, побарал поткуп од 163.924 евра за градежно земјиште во Струмица. Заев тврди дека цело време бил свесен дека Николов-Сачевалиев се обидувал да го намести и поднесе кривична пријава против него.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он