Повторно гореше голема површина со трска меѓу Струга и Калишта

Од:

Уште еден случај на запалена трска на брегот на Охридското Езеро на потегот меѓу Струга и Калишта, четврти од почетокот на годинава, е забележан вчера попладне, информираат од полицијата.

„На 02.05.2021 околу 15.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на брегот од Охридско Езеро, на потегот од Струга кон с.Калишта, настанал пожар во кој изгорела трска и сува трева. Пожарот бил изгаснат екипи на Територијалната противпожарна единица Струга. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полициското соопштение.

Последниот ваков случај беше регистриран пред околу една недела, кога Државниот инспекторат за животна средина и полицијата најавија засилени мерки за да се откријат потпалувачите.

Би можело да ве интересира

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри над месечниот просек

Водата во Струга не е исправна за пиење