Повторно е одложено судењето за Мариглен Демири од шарената револуција

Од:

Судијката Славица Андреевска од Кривичниот суд во Скопје поради најавеното отсуство на адвокатот на обвинетиот Мариглен Димири, го одложи денешното судско рочиште за обвинението против поранешниот „шарен револуционер“. Обвинението го застапува скопската јавна обвинителка Наташа Сарамандова.

Демири е обвинет дека ја оштетил народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов на „Рекорд“ на протестите во април 2016 година. Следното рочиште е закажано за 31 мај.

Судот лани им изрече ослободителни пресуди на Здравко Савески и Владимир Куновски поради недостиг на докази. Од текот на постапката недмосмислено се потврдило дека Савески и Куновски биле во толпата, но не и дека не ја демолирале канцелартијата на претседателот Иванов. На барање на Обвинителството, 50-ина дена издржуваа мерка куќен притвор.

Од обвинението за учеството во шарената револуција и фрлањето боја врз фасадата на Министерството за култура куртули пратеникот Павле Богоевски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје