Заздравуваат повредените рудари во „Злетово“

Од:

Двајцата рудари повредени во несреќата што се случи во рудникот Злетово во петокот, 5 декември 2014 година, заздравуваат од повредите.

Едниот од повредените работници истиот ден беше пуштен на домашно лекување, додека другиот се уште е под болничко надгледување. Индо Минерали и Метали Македонија се во постојана комуникација со семејството и со медицинскиот персонал во Клиничката болница во Скопје, со цел следење на состојбата на рударот.

„Нашите вработени се нашата најголема инвестиција и токму затоа компанијата останува посветена на грижата за секој еден од нив. Воедно, ги имаме имплементирано сите стандарди и прописи за заштита и ги правиме сите потребни напори во превенирање и намалување на бројот на несреќи при работа“, изјавија од компанијата.

При последната незгода од минатиот петок, по спроведената инспекција, надлежниот рударскиот и полицискиот инспектор, уште истиот ден, одобрија продолжување на работите во рудникот Злетово.

Истрагата водена од рударскиот инспекторат е се уште во тек и се работи на откривање на причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Повреден рудар во Пробиштип

Ландов

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на рударите

Ана Ололовска

МТСП: Работиме на законско решение со кое ќе се исправат неправдите кон рударите

Ана Ололовска

Одбележување на Денот на рударите

Ана Ололовска

Денот на рударите одбележан во РЕК „Битола“ и „Осломеј“

Ана Ололовска

Повредени двајца рудари од Пробиштип

Ана Ололовска