МТСП: Работиме на законско решение со кое ќе се исправат неправдите кон рударите

Од:

Министерството за труд и социјална политика на сите рудари им го честита 28 август, Денот на рударите во Република Македонија, посакувајќи им професионален и личен успех.

– Рударите долги години беа запоставени и на маргините на општеството. Во 2007 година, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги укина одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои им се скрати можноста за пензионирање на рударите само врз основа на пензиски стаж. Многу рудари во изминатите 10 години се соочуваа со неправдата да работат и над 55-годишна возраст иако во одреден период имале уплата на бенифициран стаж, информира МТСП.

Владата, како што се наведува во соопштението, во моментов работи на законско решение со кое овие неправди ќе се надминат.

– Ќе се обезбедат подобри услови за работа на рударите, предвремено пензионирање, како и воспоставување на механизми за почитување на одредбите за безбедноста и здравјето при работа, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

(ВИДЕО) Индиските работници по повеќе од 17 дена се извлекоа од урнатиот тунел

Горан Наумовски

Пожар избувна во рудник за јаглен во Кина, најмалку 16 загинати

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Достојно признание и почит за тешката работа на рударите

Горан Наумовски

Бектеши и Ковачевски во РЕК Битола: Големото значење на рударите се покажа во текот на енергетската криза

А1он

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски