Повредениот новинар Стоилковиќ: Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака

Од:

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала на лице место, а во стара Градска болница раката му ја ставиле во гипс.

„Бев качен на средишната жардиниера на булеварот кога ме погоди бекатон коцка в грб. Изгубив рамнотежа и да не паднам во жбуновите се извртев и паднав право во шахта без капак на улицата. Едната нога ми пропадна и ја скршив раката“, вели Столковиќ кој вчера останал до 21 часот во полициска станица за да даде изјава.

Колегите имаат снимка од моментот на ударот и од тоа како паѓа, која Столковиќ рече ќе ја објави кога ќе ја добие.
„Сега сум добар. Ми рекоа дека 50 дена ќе треба за да ми заздрави раката, толку години сум имал“, вели тој.
За повредите на Стоилковиќ јави и МВР.

„Вчера околу 17.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот ’Монструм’, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница ’Св.Наум Охридски’ му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Почина американскиот новинар кој седум години беше заложник во либанската граѓанска војна

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Руска армија: Новинар на агенцијата Риа Новости е убиен на југот на Украина

Орце Костов

Новинар убиен на плажа: Директорот на мексикански портал е втора жртва од медиумите во таа земја за седум дена

Новинар и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде главен уредник на телевизијата на владиката Петар

Орце Костов

(ВИДЕО) Артан Груби кон новинар: Да ми се извиниш затоа што забега

Орце Костов