На 64-годишна возраст почина Рамуш Муарем – Цирко, македонски новинар, уредник, актер и долгогодишен активист за правата на Ромите.
Цирко беше најпознат по емисијата „Циркотека“, која се емитуваше на тв БТР и стекна голема популарност кај публиката.
Емисијата остана запаметена по автентичниот хумор, гафовите и моментите се споделуваат на социјалните мрежи.
Рамуш Муарем беше гласен борец за правата на ромската заедница, човек кој преку својата работа и јавни настапи настојуваше да ги поврзува луѓето и да придонесе кон поголема еднаквост и разбирање.
