Повредени две деца, возачите избегале откако ги прегазиле – четири пешаци во Скопје настрадале од автомобили

Од:

Четворица пешаци настрадале од автомобили, а во едиот случај и велосипедист удрил во пешак, во Скопје во изминатото деноноќие. Во сите сообраќајќи со тешки повреди се здобиле пешаците од кои две се малолетни деца, момче и девојче.

Возилата кои ги удриле децата избегале од местото на несреќата.

На 29.05.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Серава“ во Скопје, велосипедист удрил во пешак-малолетничка, по што го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.05..2024 во 21.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Хасан Приштина“ и бул.„Словенија“ во Скопје, патничко возило удрило во малолетен пешак и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.05.2024 во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на платото од Станица за технички преглед на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(44) од с.Љуботен, скопско, удрило во пешакот Д.Л.(54) од с.Чучер Сандево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.05.2024 во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петричка“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(21) од Скопје, удрило во пешакот М.Р.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

ВИДЕО: Најбрзата баба на светот-на 83 години се трка со ламборџини

Предраг Петровиќ

Македонска премиера на „Skoda Enyaq“: Емотивен, ефикасен и електрифициран

А1он

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески