Повредени двајца рудари од Пробиштип

Од:

Двајца рудари се повредени во експлозија што утринава се случи во рудникот „Индоминерали и метали“ во селото Добрево, Пробиштип.

Од СВР Штип информираат дека во рудникот од засега непознати причини настанала експлозија при што повредени се четириесет и двегодишниот Д.З. и четириесет и деветгодишниот З.Т. од Пробиштип.

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Штип. Увид на местото на настанот вршат државен инспектор по рударство, трудов инспектор и јавен обвинител.

Од Индоминерали и метали Македонија, пак, велат дека до несреќата дошло поради невнимание при ракување со експлозиви од страна на еден од рударите и прецизираат дека двајцата повредени рудари се надвор од животна опасност. Едниот од нив се задобил со потешки телесни повреди, а другиот има полесни повреди.

– И двајцата рудари се свесни и контактибилни со медицинскиот персонал во болницата во Штип. Индоминерали и метали Македонија се во постојан контакт со повредените рудари и ќе ја следат нивната ситуација се до нивното целосно заздравување. Надлежните се веќе на терен и ги преземаат сите потребни мерки за утврдување на причините за несреќата, нагласуваат од компанијата.

Би можело да ве интересира

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

(ВИДЕО) Индиските работници по повеќе од 17 дена се извлекоа од урнатиот тунел

Горан Наумовски

Пожар избувна во рудник за јаглен во Кина, најмалку 16 загинати

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Достојно признание и почит за тешката работа на рударите

Горан Наумовски

Бектеши и Ковачевски во РЕК Битола: Големото значење на рударите се покажа во текот на енергетската криза

А1он

Шахпаска: Работиме на измени во законското решение со кое рударите со вкупен стаж од 40 години ќе одат во пензија

А1он