Повредени двајца рудари од Пробиштип

Од:

Двајца рудари се повредени во експлозија што утринава се случи во рудникот „Индоминерали и метали“ во селото Добрево, Пробиштип.

Од СВР Штип информираат дека во рудникот од засега непознати причини настанала експлозија при што повредени се четириесет и двегодишниот Д.З. и четириесет и деветгодишниот З.Т. од Пробиштип.

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Штип. Увид на местото на настанот вршат државен инспектор по рударство, трудов инспектор и јавен обвинител.

Од Индоминерали и метали Македонија, пак, велат дека до несреќата дошло поради невнимание при ракување со експлозиви од страна на еден од рударите и прецизираат дека двајцата повредени рудари се надвор од животна опасност. Едниот од нив се задобил со потешки телесни повреди, а другиот има полесни повреди.

– И двајцата рудари се свесни и контактибилни со медицинскиот персонал во болницата во Штип. Индоминерали и метали Македонија се во постојан контакт со повредените рудари и ќе ја следат нивната ситуација се до нивното целосно заздравување. Надлежните се веќе на терен и ги преземаат сите потребни мерки за утврдување на причините за несреќата, нагласуваат од компанијата.

Би можело да ве интересира

Повреден рудар во Пробиштип

Ландов

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на рударите

Ана Ололовска

МТСП: Работиме на законско решение со кое ќе се исправат неправдите кон рударите

Ана Ололовска

Одбележување на Денот на рударите

Ана Ололовска

Денот на рударите одбележан во РЕК „Битола“ и „Осломеј“

Ана Ололовска

Заздравуваат повредените рудари во „Злетово“

Ана Ололовска