Повредени двајца работници во Гостивар

Од:

Педест и две годишниот електро-монтер Љ.Х. од село Равен се здобил со тешки повреди откако вчера околу пладне паднал од дрвен столб додека работел на замена на електричен кабел на улицата „Илинденска” на излезот од Гостивар, информира денеска СВР Тетово.

При падот Љ.Х. се здобил со скршеница на левата потколеница, десното рамо и карлицата. Набрзо бил пренесен во гостиварската болница, а потоа пренесен на скопските клиники. На местото на насреќата при увидот учествувал и државен трудов инспектор, кои заедно со полицијата треба да утврдат како дошло до повредување на работникот.

Од СВР Тетово информираат за несреќен случај при работа и на улицата „Сретко Крстески” при замена на водоводна цевка. И.Н.(49) вработен во ЈП Водовод, додека работел во дупка на дефект, врз него се одронала земја од ископот и му ја повредило едната нога. И во овој случај бил извршен увид на екипа на СВР Тетово и државен инспектор за труд.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари