Повлечени хеликоптерите што тргнаа кон Пехчево

Од:

Веднаш по пристигнувањето на хеликоптерите на местото на пожарот командантот на ескадрилата донел одлука повлекување поради ризично зголемување на работната температура, објави на Твитер директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.

Попладнево пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се упатија кон Пехчевскиот регион.

Претходно во Пехчево заседаваше Кризниот штаб на кој беа утврдени насоки на делување за справување со пожарот.

Градоначалникот Драган Тренчовски изјави дека Пехчево се преземени мерки и побарана е помош за справување со пожарот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско