Повикот за творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“ отворен до 10 јуни

Од:

Детскиот ликовен центар и Федерацијата на училишен спорт на Македонија соопшти дека во рамките на проектот Фер Шанса за Младите во Спортот заклучно со 31 март 2020 година беше објавен Повик за детски ликовни творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“, но поради корона кризата детските творби ќе можат да се испраќаат до 10 јуни.

Целта е низ ликовен израз да се адресираат насилството помеѓу младите спортисти, но и меѓу навивачите кои се инспирирани од спортски, но и од национални, верски и други причини, како и дискриминацијата кои повремено се појавуваат на спортските настани.

-Со овој повик сакаме да ги мотивираме учениците кои ја сакаат ликовната уметност со својата кретивност и вештина преку ликовните дела во различни техники (акварел, графика, темпера…) да ги изразат своите ставови за облиците на насилство и дискриминација, но и начините како истите да се надмнат: гушкање на противничките екипи пред или после натпревар, фер навивање за своите, а не против другите, натпревар со момчиња и девојчиња, бруталности на спортските терени, навредувањето на послабите, тепачки меѓу навивачи, запоставување на девојчињата во спортот, бркање на деца на улици. За жал, наведуваат, заради пандемијата од корона вирусот, училиштата во изминатите два месеца беа затворени и така ќе остане се до почетокот на новата учебна година во септември оваа година. Но, не сакајќи да го ограничуваме Вашиот креативен дух и творештво, ве покануваме до 10-ти јуни да подготвите ликовни творби на тема „Борба против насилство и дискриминација помеѓу децата во спортот“, наведуваат организаторите.

Творбите може да се доставуваат како скенови или фотографии на следната e-mail адреса: [email protected]. За најдобрите млади творци се предвидени награди.

Проектот Фер Шанса за Младите во Спортот е организран со партнерски организации од Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија, Србија и од Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Арсенал донесе огромно засилување за 55 милиони евра

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Обид за убиство на MMA шампионот – застрелан од заседа

Синер повторно го декласираше Ѓоковиќ и закажа спектакл со Алкараз во финалето на Вимблдон

Ристовски: Министерството за спорт ќе ја дореновира салата ,,Наум Наумовски Борче“, што поради негрижата на Јакимовски стои затворена цела година

Предраг Петровиќ

Успешната соработка продолжува: Новоматик Македонија и во следната сезона генерален спонзор на ФК Вардар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хорор сцена од Мундијалот: Донарума му ја скрши ногата на Мусијала