Најавен протест за поддршка на Никола Груевски

Од:

На Социјалните мрежи, група граѓани организираат настан за, како што пишува во повикот, „протест за правда за Никола Груевски“. Тие ги повикуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, симпатизерите и сите граѓани кои, како што пишува, не можат да ја трпат неправдата кон Никола Груевски, да излезат на мирен протест пред Основниот суд Скопје 1.

„Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски. За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1! Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!“ се наведува во повикот на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда