Повик за истражувачка и за додипломска студентска програма на Јапонија

Од:

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (MEXT) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за Истражувачка студентска програма и за Додипломска студентска програма.

Повикот за аплицирање на македонски и на албански јазик е достапен на веб-страницата на Јапонската амбасада во Скопје. Во повикот објавен и на веб-страницата на Министерството за образование и наука се наведени линковите каде што може да се добијат повеќе информации за начинот на  пријавување за програмите.

Потребните документи може да се достават до Амбасадата на Јапонија во Скопје, на адреса: „Филип Втори Македонски“ 3, Соравиа Центар, 6 кат, 1000 Скопје, најдоцна до 27 јули 2020.

Селектираните кандидати ќе бидат контактирани за тестирање и интервјуа предвидени за втората половина на август 2020.

За дополнителни прашања во врска со програмата и за начинот на аплицирање, заинтересираните може да се информираат во  Амбасадата на Јапонија, по електронска пошта на [email protected] или на телефонскиот број 3118-063.

Би можело да ве интересира

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава