Повеќето жени-фармери се уште неформално вклучени во земјоделството

Од:

Голем број од жените фармери се неформално вклучени во земјоделскиот сектор или не е регистрирана нивната дејност поради што здравствното и социјалното осигурување не им е платено. Тоа директно влијае врз квалитетот на нивното живеење, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

На завршниот настан од проектот „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството со примена на експериментален економски метод“, Царовска напомена дека е неопходно да се подигне свеста зошто е потребно жените и формално да бидат вклучени во земјоделството и како носители на дејноста.

„Размислуваме и разговараме за имотот што се споделува меѓу машките и женските деца во семејството, како се наследува земјоделското земјиште, за жените да бидат носители на земјоделската дејност и натаму да ја развиваат. Ваков тип анализи се многу важни за Министерството за земјоделство со посебна поддршка да развива програми кои директно ќе ги поттикнат жените да се вклучат во нивните земјоделски бизниси“, истакна Царовска.

Според министерот за земјоделство, Љупчо Николовски кој најави нови мерки, предвидени се 180.000 денари неповратни средства за жените што ќе имаат дополнителна дејност во руралните средини.

Десет отсто од БДП, рече Николовски, отпаѓа на земјоделството, но во овие само една третина се вклучени жените. Исто така, само 20 отсто од регистрираните задруги се водени од жени претпримеачи.

„Креираме нови мерки и политики и на нив ќе работи нова потсекторска група во рамки на Министерството која ќе се занимава со родовите прашања особено на вклученоста на жените во земјоделството. Засега, при аплицирање за сите мерки, дополнително бодување имаат жените. Но, ќе донесеме нови измени на Законот за земјодлество согласно кои бодувањето на жените апликанти ќе биде многу повреднувано“, напомена Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам двојна победа, победа на претседателските избори и победа на парламентарните избори

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Николовски: 2024 е година на зголемена поддршка во сточарството, креиравме нови мерки според потребите на сточарите

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика