Повеќе од 1000 Македонци денеска се вакцинираат во Ниш

Од:

Започна вториот ден од акцијата за имунизација на македонските стопанственици, што ја организира Стопанската комора на Северна Македонија.

-Според информациите на нашите дежурните екипи на граничниот премин Табановце, протокот на возила се одвива со континуирана динамика преку 6 коловозни ленти, а процесот на вакцинација во Ниш е започнат навремено. За стопанствениците пријавени преку Стопанската комора на Северна Македонија, а во организација и со поддршка на Стопанската комора на Србија и колегите во Регионалната комора во Ниш, процесот се одвива на посебно договорени пунктови, без застој, соопштија од Стопанската комора.

Се очекува исто како и вчера, повеќе од 1.000 македонски стопанственици да бидат вакцинирани во рамки на акцијата која на организираше Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Стопанската комора на Србија, во рамките на Коморскиот инвестициски форум.

Би можело да ве интересира

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

Снег, магла и одрони на патиштата низ Србија: Камионите на „Батровци“ чекаат и до три часа, на возачите им се советува да бидат внимателни

Уапсен е поранешниот српски министер за економија

Катерина Ѓуровски

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски