Поведени прекршочни постапки против Сител и ТВ Нова

Од:

Ад-хок телото за мониторирање на медиумите со три гласа „за“ и еден „против“ одлучи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) да поведе прекршочна постапка против телевизија Нова за неизбалансираност во известувањето.

Ова е втората одлука која телото ја донесе во текот на денешниот ден, откако претходно со 3 гласа „за” и два „против” се гласаше да се поведе прекршочна постапка и против телевизија Сител. За останатите радио-дифузери чие известување беше предмет на набљудување не беа констатирани прекршувања на Изборниот Законик.

Во случајот на телевизија Нова, за предлогот на членот Горан Трпеноски гласаа членовите Љубомир Костовски и Љуљзим Хазири, а против беше членот Цветин Чилиманов. Предлогот се однесува на поведување постапка за прекршување на членот 75, став 1 од Изборниот Законик. Во образложението се вели дека „се забележува негативно врамување на одредени личности и континуирано известување со позитивна рамка и позитивен тон за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за носителите на власта.

На 16 септември се констатира дека во рамки на Отвореното студио од 20 часот водителката се вмешуваше со навивачки начин во дијалогот меѓу министерот за финансии и неговиот заменик. Таа настапуваше со поостар тон со претставникот на СДСМ, а во функција на поддржувач на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ. Во исто време на кајронот постојано се емитувани цитати со изјави на министерот, со што се потенцираше неговиот дел од изјавите, што е недвојбено навивачки и може директно да се припише на оној кој ја подготвувал емисијата”.

За време на дискусијата по овој предлог беше најавено издвоено мислење на спротиставениот член, и беа презентирани информации од страна на телевизија Нова дека партијата СДСМ систематски не ги информирала за партиските активности, одбила интервју со лидерот Зоран Заев и не обезбедувала свои учесници во информативните и дебатните емисии на телевизија Нова, што директно влијаело телевизијата да не може во целост да ги претставува партиските ставови.

Претходно поднесената предлог одлука поведување прекршочна постапка за телевизија Сител се однесуваше на два члена од Изборниот Законик, 75 став 1 и 75 – б, кој регулира објавување на прилози за активности на државните органи во прилог на претставување на политички субјект. За овој предлог на Костовски гласаа членовите Трпеноски и Хазири, додека Димишкова и Чилиманов беа против.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски