Обвинителството бара домашен притвор за градителот од „Мавровка“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар  „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган.

– Со цел обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на пасош или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова​, информираат од ОЈО.

Против лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик, додаваат од Обвинителството.

Мевљудин Алити, мистериозниот сопственик на дивоградбата кај Мавровка, денеска за првпат се појави пред јавноста за време на уривањето на објектот.

Тој тврди дека има одобрение за обнова на објектот кој му изгорел до темел.

„Ова е од Општина Чаир што сум го добил за расчистување на парцелата каде што се гради сега, на 24 јуни 2020, значи не сум отишол по свој памет таму да градам или да обновувам. Тоа е прво. Второ, ова е едниот од имотните листи за  парцелата, еве го од Град Скопје едниот имотен лист, еве ја сумата што сум ја платил, еве го решението од Општината за легализирање на едната парцела. Еве и за другата парцела со елаборат. Еве имотен лист од другата парцела“, рече денеска Алити.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина пешак во Бутел – несреќата снимена, автомобил мина на црвено, удри друга кола и ја исфрли на тротоарот

А1он

Сообраќајка кај Мавровка, повредени четири лица

А1он

Конструкција за покрив се мести за урнaтото кафуле пред „Мавровка“, Алити нема да тужи за уривањето

Маја Илиевска-Пачемска

Градоначалникот на Чаир подготвен повторно да се урива ако пред „Мавровка“ не се изгради објект од метална конструкција

Маја Илиевска-Пачемска

Со Мавровка, Владата покажа цврста одлучност и треба така да продолжи, смета Николовски

Ана Ололовска

Владата не рушеше пред Мавровка, туку асистираше на Општина Чаир, вели премиерот

Ана Ололовска