• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Поведена истрага против мајка за малтретирање дете

by А1он23/11/2018 - 13:58196
Share0

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело запуштање и малтретирање дете, поради основано сомнение дека осомничената, во периодот од 15.06.2018 до 06.07.2018 година, во повеќе наврати, со гру­бо за­по­ста­ву­ва­ње на сво­ја­та долж­ност за гри­жа и вос­пи­ту­ва­ње како родител, го за­пу­штила своето дете и како резултат на тоа кај детето-жртва настапила те­шка те­лес­на по­вре­да, со која бил доведен во опасност неговиот живот.

Добивај вести на вибер

Како што е наведено во соопштението од ОЈО Скопје, во временски период додека таткото на детето родено во мај 2017 година се наоѓал на издржување на казна затвор, мајката не му пружила соодветна родителска грижа на детето, повремено го оставала само или го препуштала на грижа на други лица без притоа да внимава на сигурноста, безбедноста и потребите на детето. Како резултат на тоа, детето се здобило со тешки телесни повреди на телото и главата со кои бил доведен во опасност неговиот живот и на 7 јули годинава било примено на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во рамки на предистражната постапка, надлежен јавен обвинител сослушал повеќе сведоци и ја испитал осомничената, по што била издадена наредба за утврдување на психијатриската состојба на осомниченото лице, како и наредба за вештачење на видот и карактерот на повредите кај детето.

-До овој момент не е утврден идентитетот на лицето што директно ги нанело повредите кај детето, но надлежниот јавен обвинител и натаму презема дејствија за утврдување на фактите и доколку се утврди кривична одговорност на конкретен сторител и против него ќе биде поведена постапка, се наведува во соопштението.

Од страна на Центарот за социјални работи на детето му е одреден привремен старател и тоа е згрижено во Домот за доенчиња во Битола.

obvinitelstvosemejno nasilstvo

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Маж од Чучер Сандево и се закануваше на сопругата дека ќе ја запали, а им претеше на ќерки дека ќе ги убие

Горан Наумовски16/01/2026 - 14:00

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55

Велешанец ја претепа вонбрачната партнерка пред нивната малолетна ќерка, жртвата задоби тешки повреди по главата и телото

Горан Наумовски10/01/2026 - 18:1510/01/2026 - 18:26

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен