Потврди за уште 1.757 мигранти

Од:

Во изминатите 24 часа се издадени потврди на вкупно 3.174 странски државјани, од кои 1.757 се од машки пол, 482 се од женски, 793 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 142 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.644, Авганистан – 1.155, Ирак – 183, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни 2015 до 10 октомври 2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 130.727 странски државјани, од кои, 85.681 се од машки пол, 17.403 се од женски, 22.895 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.748 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија  -93.298, потоа Авганистан – 19.617, Ирак – 8.494, Пакистан  – 3.247 Палестина – 1.284, Иран – 1.109, Сомалија – 746, Бангладеж – 744, Конго – 426, Нигерија – 233, Камерун – 204,  Еритреја – 173,  Етиопија – 144, Судан – 123, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 09.10.2015 до 10.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, за искажана намера за поднесување на барање за признавање за право на азил

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10.10.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 68 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Мобилните тимови на Црвениот крст, на граничниот премин Табановце укажале прва помош на 239 лицe, едно лице е транспортирано од Табановце до Кумановска болница, донирани се шишиња вода, бисквити, двопек, млеко за бебе, шише за бебе, пелени за бебе, ќебиња, пакети со хигиена и бебешки сетови.

На Граничниот премин Гевгелија укажана е прва помош на 792 лица, препратени случаи до екипи на министерство за здравство седум, и донирани се вода, бисквити и ќебиња.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто