Потврди за намера за признавање на правото за азил за околу 2.500 мигранти во изминатите 24 часа

Од:

Во изминатите 24 часа вкупно 2.543 мигранти добиле потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.

Од нив, 1.645 се мажи, 297 жени, 498 деца придружувани од носителот на потврдата и 103 деца кои патуваат без родител.

Најбројни се државјаните на Сирија – 1.309, а по нив следуваат државјаните на Авганистан – 904 и Ирак-132.

Од отпочнувањето на процесот на издавање потврди вкупно 118.042 мигранти добиле вакви потврди, а според државјанството најбројни се Сиријците (85.974), потоа Авганистанците (15.852), државјаните на Ирак (7.723), Пакистан (3.109) Палестина (1.178) …..

Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, а досега вкупно се поднесени 50 вакви барања.

Според дневниот регистар вчера евидентирани се шест баратели на азил, сите мажи, од кои еден со повреда. Согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден возрасен маж се сместени на друго место одредено од МТСП.

Би можело да ве интересира

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Од 297 барања за азил, само на две лица им е признат статусот

Ана Василевска

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март

Ана Ололовска

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ

Ана Ололовска

Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Наум Локоски

Влада на РМ: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија

Наум Локоски