А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Потврден коронавирус кај велешанка што починала во јануари, Филипче не ја исклучи можноста вирусот да бил присутен од порано

by Маја Илиевска-Пачемска10/04/2020 - 18:5510/04/2020 - 20:333234
Share0

Во примерок од дишното стебло на починатата велешанка е најден вирусот, извести денес министерот за здравство Венко Филипче. Мајката и синот, кои најверојатно починале во јануари, а биле пријавени откако од станот почнала да се шири смрдеа, посмртно биле тестирани за коронавирус.

Следете a1on на Instagram Instagram

Поради потврдениот коронвирус кај мајката, министерот Филипче не ја исклучи можноста вирусот да бил присутен во Македонија и пред да се појави првиот дијагностициран случај на 26 февруари.

„Кај едно од лицата од Велес најден е вирусот во примерок од нивното дишно стебло. Тешко е да се каже причината за смртта, но во насока на тоа што значајо е зголемена бројката на заболени од грип годинава, некаде за околу 17.000 пациенти во споредба со минатите години кога имало вкупно по околу 20.000, не е исклучена можноста вирусот и порано да бил присутен. Посебно поради асимптоматските носители на вирусот“, рече министерот Филипче,

Тој најави дека дополнително ќе се анализираат примероците од заболените од грип годинава кои се зачувани во Институтот за јавно здравје. По нивната анализа министерот Филипче очекува да добиеме поцелосна слика за коронавирусот во Македонија. Дополнителните анализи на примероците од забелените од грип ќе се прават откако ќе се намали бројот на новодијагностицирани пациенти.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Нашиот фокус сега е дијагностицирање и откривање на нови пациенти . Анализа за коронавирус на материјалите од заболените од грип ќе има, но засега поради големиот број нови пациенти нашиот фокус е на пациентите со симптоми на болеста“, рече министерот Филипче.

Анализите на бројките на пациенти заболени од сезонски грип, за разлика од вообичаениот број до минатата година и историски гледано повеќе години наназад покажуваат скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Од претходно 20 илјади, оваа година се евидентирани 37 илјади заболени од грип.

Материјалите на овие пациенти кои се лекувале од сезонски грип, а на кои им биле земени брисеви за анализа на присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип, се се уште во Институтот за јавно здравје и тие би можеле дополнително да се тестираат за да се види дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот.

„ Во овој момент целиот капацитет е насочен кон детекција на новите пациенти. Евентуална ретроспективна анализа е можна во иднина кога ќе се надмине оваа состојба“, велат од Министерството за здравство.

Нема податоци дали лицата кои закрепнале од грип оваа сеозна, а се сомневаат дека прележале коронавирус се веќе имуни на болеста.

„Се уште никој не може да процени дали се имуни“, велат за „А1он“ од Министерството за здравство.

Од таму нагласуваат дека лицата кои се сомневаат дека прележале коронавирус не треба да се тестираат.

„Се тестираат пациентите кои имаат симптоми, оние кои се во добра здравствена состојба немаат потреба од тестирање“ , велат од Министерството за здравство.

Здравствените работници уверуваат дека досега кај нас не се случило излекуван пациент повторно да се зарази.

Според последните информации, во Македонија има 711 заболени, од кои 41 се излечени, а 32 се починати како последица на коронавирусот.

koronavirus mkdvenko filipce

Би можело да ве интересира

Филипче најави „Фронт за вистина и правда“

Катерина Ѓуровски17/05/2026 - 13:0917/05/2026 - 13:28

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Катерина Ѓуровски17/05/2026 - 10:57

Филипче: Сиљановска призна, ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор

Катерина Ѓуровски14/05/2026 - 13:55

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 14:39

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 10:00

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Катерина Ѓуровски10/05/2026 - 13:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто