Потпишан меморандум за соработка за користење систем во борбата против корупцијата и перење пари

Од:

Министрите за правда, за внатрешни работи и за информатичко општество и администрација, Рената Дескоска, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски и претседателката на ДКСК Билјана Ивановска денеска потпишаа меморандум за соработка за користење на системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.

Политиката што ја прифаќа одговорноста, бескомпромисно да ги менаџира јавните интереси, а не приватните, нагласи во обраќањето министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, има шанса и можност квалитетно да се спротивстави на корупцијата.

– Ние сме способни за една таква борба против корупцијата дотолку повеќе што во изминатиот период успешно востановивме низа нормативни и други институционални механизми, што недостигаа, а се клучни за ефикасна борба против корупцијата, рече тој.

Овој програмски систем што денес практично го ставаме во употреба, подвлече Спасовски меѓу другото, претставува статистичко/аналитички фундирана база на податоци креирани во насока на сеопфатен преглед на сите аспекти битни за кој и да е детектиран случај на корупција или на перење пари. Тоа, пак, значи, истакна, постојано, повеќенасочно следење и документирање на сите такви случаи.

– Преку потпишувањето на заедничкиот Меморандум влегуваме во фаза на оперативна употреба на концепт од кој допрва ќе имаме и тоа како голема полза: како во поглед на поуспешна борба против корупцијата и перењето пари, така во поглед на етаблирање на нови стандарди, истородни по квалитет со оние на нашите евро-атлантски партнери, рече министерот за внатрешни работи.

Додаде дека во наредниот период сите институции што ќе го обработуваат и користат овој систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупцијата и перењето пари, ќе можат, градејќи ги и создавајќи ги неговите потенцијали, да очекуваат позитивен фит-бек, со цело вистинско спротивставување кон корупцијата и кон перењето пари, спуштајќи го нивото на корупција на најниски можни граници.

Министерот Манчевски наведувајќи дека корупцијата е длабоко вкоренета во општеството и често се перципира како единствен начин да се заврши некоја работа, истакна дека ќе покажат и докажат дека тоа не е така. Борбата со корупцијата, потенцира, е голем предизвик затоа што подразбира менување на политичката култура, но и на нашата култура на живеење. Според него, успехот во таа борба е возможен само ако се има координиран пристап помеѓу сите институции, но и другите чинители во опшетството и самите граѓани.

– Меморандумот што го потпишуваме е само потврда на нашите заложби да се соочиме со овој проблем, без притоа да заштитуваме апсолутно никого. Една од позитивните страни на дигитализацијата на процесите е токму отстранувањето на човечкиот фактор, што директно влијае на намалувањето на корупцијата. Многу е потешко да се корумпира компјутер, возможно е но малку луѓе знаат како се прави тоа, рече меѓу другото Манчевски.

Би можело да ве интересира

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост и интереси на функционерите на патот на откривањето корупција

„Корупцијата е прифатлива за голем дел од граѓаните, а борбата во таква ситуација е потешка“

Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува