Потпишан Меморандум за соработка меѓу ФЗОМ и Агенцијата за квалитет и акредитација

Од:

Обезбедување стандардизирана здравствена услуга 24 часа во секоја болница за сите пациенти, нивна безбедност, квалитетна здравствена заштита и редукција на непотребните трошоци, е целта на Меморандумот за соработка, кој денеска го потпишаа директорките на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и на Агенцијата за квалитет и акредитација, Маја Парнарџиева-Змејкова и Елизабета Зисовска.

–  Мандатот на Агенцијата, која неодамна е отворена, е да ги подготви болниците да ги имплементираат сите стандарди кои се предвидени за една успешна болница во интерес на безбедноста на пациентите и да аплицираат да добијат сертификат односно акредитација на одреден период. Првите апликации од болниците за надворешно оценување очекуваме да стигнат до крајот на оваа година, истакна Зисовска на заедничката прес-конференција со Парнарџиева-Змејкова.

Појасни дека се изработени стандардите кои ги содржат сите квалитети на здравствената заштита на европско ниво и според нив секоја болница ќе може да аплицира штом биде подготвена за добивање сертификат односно акредитација на период од една, три или пет години.  Тоа ќе биде оценето од надворешни оценувачи кои се независни експерти зависно од нивото на исполнетост на стандардите.

– Во рамки на тие стандарди кои ги опфаќаат упатствата засновани на докази, Агенцијата и Фондот имаат заеднички интерес да се спроведува квалитетна здравствена заштита и редукција на трошоците. Соработката со Фондот ќе биде на повеќе полиња и очекуваме тоа да вроди со заеднички плод. Договорот за натамошните постапувања ќе биде согласно наодите на терен односно во болниците. Во некоја наредна фаза ќе бидат опфатени и установите од примарна здравствена заштита, рече Зисовска.

Кога ќе бидат првите апликации, како што рече, зависи од тоа кога ќе добиеме од нив алатка за самоценување дека се подготвени за акредитација.

– Во Холандија првата болница е акредитирана во тек на четвртата година од отворање на Агенцијата и е подготвувана три ипол години. Акредитацијата не значи само квалитетна здравствена заштита, тукупишани процедури, закони, постапки кои се почитуваат од сите вработени во иста мерка 24 часа. Веќе имаме искуства од европските земји и процесот ќе оди побрзо бидејќи самите сетови на стандарди ги презедовме од европските земји, додаде Зисовска.

Директорката на ФЗОМ, Парнарџиева-Змејкова истакна дека се договориле за редовни средби со Зисовска минимум еднаш во шест месеци на кои ќе ги споделат податоците  Фондот ги има во делот на своите редовни контроли, како и одредени податоци кои како институција ќе ги проверуваат во секоја болница за да следат како таа се подготвува за акредитација.

Посочи дека дополнителен фокус на Фондот ќе бидат неколку сегменти, како проверка на упатствата засновани на докази во клиничките процедури, проверка дали болницата има план за унапредување на квалитетот на нејзиното работење, дали има план за лекување и дали постои контролна листа во историјата на пациентот која содржи минимум податоци препорачани од СЗО, дали се евидентираат несаканите случувања (интрахоспитални инфекции…), причините за нив и дали креираат систем за нивно надминување.

Таа нагласи дека размислуваат да ги стимулираат оние болници кои ќе бидат акредитирани со најдобрата лиценца или решение од Агенцијата односно акредитација на најдолг рок и тие да имат и одредени финанисиски стимулации од страна на Фондот бидејќи таа акредитација ќе значи дека во таа здравствена установа се нуди врвна, квалитетна, континуирано контролирана здравствена услуга за осигурениците.

– Фондот нема еднакво да ги плаќа оние болници кои нема да бидат акредитирани бидејќи на тој начин тие покажуваат дека не се заинтересирани да обезбедат стандардни процедури и да креираат систем кој ќе биде безбедност за пациентите и вработените во установата, додаде Парнарџиева-Змејкова.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on